САД изразија загриженост поради воените активности на Кина во близина на Тајван

by Fokus

САД се загрижени поради воените активности на Кина во близина на Тајван, кои ги нарекуваат провокативни и дестабилизирачки, соопшти денеска Белата куќа.

Советот за национална безбедност на Белата куќа нагласи дека во тој поглед ќе продолжи да му помага на Тајван во одржување на „задоволителна способност” за самоодбрана.

Тоа, инаку, е во согласност со долгогодишните американски обврски кон Тајван, како и со политиката на една Кина, се додава во соопштението. јт/

2022-12-26 20:14:25, од Јасмина Тасевска

Поврзани новости