САД: Имаме информации за намерни руски напади врз цивили

by Fokus

Соединетите Држави виделе „многу веродостојни извештаи“ за намерни напади врз цивили, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен, велејќи дека САД ги документираат извештаите за потенцијална истрага за воени злосторства и Европската комисија.

„Видовме многу веродостојни извештаи за намерни напади врз цивили кои може да претставуваат воено злосторство“, рече Блинкен во емисијата „Состојбата на Унијата“ на Си-Ен-Ен. „И, исто така, видовме многу веродостојни извештаи за употреба на одредени видови оружје“, додаде тој.

Генералниот секретар на НАТО, исто така, во петокот предупреди дека Русите користат законски забранети касетни бомби во нивните напади врз Украина.

„Во моментов документираме, поврзуваме и разгледуваме сè, така што, додека поединци, организации и институции истражуваат дали се извршени воени злосторства, да можеме да ја потврдиме нивната работа“, објасни Блинкен.

Амбасадата на САД во Украина во петокот на Твитер објави дека нападот на нуклеарната централа е воено злосторство откако руските сили ја окупираа најголемата нуклеарна централа во Европа, што предизвика глобален аларм. Блинкен не ја коментираше објавата, а Стејт департментот одби да коментира дали твитот ја одразува позицијата на американската влада по ова прашање.

 

Поврзани новости