Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека САД имаат „морална обврска” подобро да го регулира поседувањето огнено оружје кај цивилното населние. „Решен сум да ги забранам јуришното оружје и шаржерите со голем капацитет” рече Бајден на годишнината од крвавиот напад во училиштето во Њутаун, во сојузната држава Конектикат.
Републиканската партија засега е против таквите мерки.
„Мораме да ги елиминираме оние оружја чија единствена намена е да убијат голем број луѓе. Можеме да го направиме тоа, не само за доброто на изгубените невини животи, туку и за доброто на преживеаните кои ја задржуваат надежта”, се наведува во соопштението во кое се пренесени ставовите на Бајден..
„Треба да се чувствуваме виновни што ни требаше премногу долго да го решиме тој проблем. Имаме морална обврска да гласаме и да ги имплементираме законите кои можат да ги спречат овие работи да се повторат”, рече Бајден, десет години по масакрот во основното училиште во Њутаун.
Бајден потсети дека благодарение на него е донесен закон за спречување потенцијално опасните луѓе да набавуваат оружје, како и на потпишаните декрети со кои се регулира дома изработеното оружје со помош на „3-Де принтери”.
На денешен ден во 2012 година вооружен напаѓач упадна во основното училиште Сенди Хук во Њутаун, убивајќи 26 лица, од кои 20 деца на возраст од шест и седум години.
Настанот ја потресе Америка и го доведе до солзи на тогашниот претседател Барак Обама, но тоа не резултираше со вистински обврзувачки мерки.
Бајден сака да ги забрани автоматските пушки, какви што користел напаѓачот во Сенди Хук.
Но, републиканците и моќното лоби за оружје (НРА) се противат на враќање на забраната што беше на сила од 1994 до 2004 година, за која велат дека е неуставна