До претпладневните часови на истокот на САД откажани се повеќе од 2.300 летови, соопшти денеска сервисот за следење летови ФлајтАвер.
Тоа се најмногу откажани летови во еден ден од пред Божик кога авиокомпаниите мораа да откажуваат летови поради зголемен број заразени од Ковид-19 меѓу персоналот, пренесе АП.
Повеќе од 12.000 летови во САД се откажани од 24 декември.
ДО откажување на летови не доаѓаше само поради вирусот.
Поради лошо време Чикаго беше најлошо место за патници, откажа 800 летови од аеродромот „О`Хар“ и повеќе од 250 на аеродромот „Мидвеј“.
Прогностичарите предвиода девет сантиметрки снег.
Во Денвер, Детроит, Њуарј и Њу Џерси, откажани се по 100 летови.
Авиокомпаниите велат дека преземаат чекори за намалување на откажувањата.
„Јунајтед“ нуди да им плати на пилотите тројно повеќе на нивните вообичаени плати за летови до средината на јануари.