САД и Велика Британија ја повикаа Русија да се врати на договорот за извоз на жито

by Fokus

САД и Велика Британија денес ја осудија одлуката на Русија да го прекине учеството во иницијативата за извоз на жито од украинските пристаништа на Црното Море (BSGI), за која тврдат дека ќе ја влоши безбедноста на храната и ќе загрози милиони луѓе, и го повикаа Кремљ да ја повлече.

„Ја повикуваме руската влада веднаш да ја повлече одлуката за повлекување од Црноморскиот договор за извоз на жито“, изјави советникот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Адам Хоџ.

Лондон, исто така, бара Русија да го обнови БСГИ и да се заложи за целосно спроведување на договорот.

„Ова е очигледен руски обид да им наштети на најранливите. Во едностраниот потег што доведе до колапс на БСГИ, Русија ја искористи храната како оружје и го спречува житото да стигне до оние на кои им е најпотребно“, рече портпаролот на британското Министерство за надворешни работи.

„Британија го осудува очигледниот руски обид да им наштети на најранливите“, се додава во соопштението.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мора да се направи се за да може да продолжи да се користи Црноморскиот коридор за извоз на жито, изјави неговиот портпарол Серхиј Никифоров.

„И без Руската Федерација мора да се направи се за да се искористи Црноморскиот коридор. Не се плашиме“, рече Никифоров.

Тој рече дека со нив контактирале компании и сопственици на бродови и дека се подготвени доколку Русија ги пропушти. „Турција сè уште ги пушта, сите се подготвени да го продолжат снабдувањето со жито“, додаде тој.

 

Поврзани новости