Државниот секретар на САД Ентони Џ. Блинкен и министерот за надворешни работи на Шпанија Хозе Мануел Албарес потпишаа Меморандум за разбирање за манипулација со информации од странски држави.
Во своето кратко обраќање пред потпишувањето, Секретарот Блинкен истакна дека ова е важен меморандум со кој ќе се развива поотпорен информациски систем и средина со цел одбрана од пропагандата, дезинформациите и манипулациите со информации, кои се „закани за националната безбедност и за нашите земји и за многу други“. Според Блинкен, со манипулацијата со информации и користењето дезинформации, се создаваат или се искористуваат постоечки општествени поделби, се прават обиди за загрозување на интегритетот на избори, се поткопува доверба во институциите, се сее цинизам и сомнеж.
Затоа, овој Меморандум, кој е одраз на воспоставена рамка на која се приклучуваат над десетина земји, ќе овозможи зајакнување на мултилатералната соработка за зголемена ефикасност во борбата против дезинформациите, вклучувајќи „зајакнување на капацитетите на земјите за детекција на дезинформации и справување со истите“, „развој и имплементација на стратегии“ и „поддршка за медиумите и граѓанското општество“, објаснува Блинкен.
Министерот Албарес истакна дека со оглед на овогодинешните избори за Европскиот Парламент и претседателските избори во САД, со овој Меморандум би сакале да вложат посебен напор во избегнување дезинформации на шпанските јазици.