Комуникациската линија, воспоставена за врска меѓу американските и руските вооружени сили на почетокот на војната на Москва против Украина досега била користена еднаш,соопшти американски официјален претставник.
Официјалниот претставник, кој во изјавата за Ројтерес сакал да остане неименуван, рече дека САД го иницирале повикот за избегнување конфликти за да изразат загриженост за руските воени операции во близина на критичната инфраструктура во Украина. Ова беше првата наменета употреба на линијата, чие правилно функционирање редовно се тестира, пренесува БТА.
Американскиот функционер одби да прецизира за кој конкретен случај се користела комуникациската линија меѓу Европската команда на вооружените сили на САД и рускиот Национален одбранбен команден центар. Сепак, тој прецизираше дека не бил употребен на 15 ноември, кога залутан проектил падна во Полска, при што загинаа две лица.