САД и Русија договорија датум за разговори околу Украина

by Фокус

САД и Русија ќе одржат разговори во јануари за контрола на нуклеарното оружје и тензиите на границата меѓу Русија и Украина.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа изјави дека двете страни ќе се сретнат на 10 јануари, по што ќе следат разговорите Русија – НАТО на 12 јануари и состанок на 13 јануари на Русија, САД и други членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

-Кога ќе разговараме, Русија може да ги стави нејзините грижи на маса, ние ќе ги ставиме нашите. Ќе има области каде ќе можеме да направиме прогрес, и области во кои нема да се согласуваме. Тоа е диплoматија – рече портпаролот.

Западните влади се алармирани од распоредувањето на руски трупи на границата со Украина, иразувајќи загриженост за потенцијални планови за руска инвазија.

Рускиот лидер Владимир Путин негира такви планови и бара гаранции против ширење на НАТО во близина на нејзината територија.

Поврзани новости