САД и Кина сакаат да ги стабилизираат односите

by Фокус

Американскиот државен секретар Антони Блинкен и кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг изразија желба за време на денешниот состанок да се стабилизираат односите меѓу двете сили и да се спречи нивното меѓусебно ривалство да ескалира во конфликт, соопштија претставници на Стејт департментот.

-За време на состанокот во Пекинг, Блинкен многу јасно стави до знаење дека САД не сакаат да се одалечи од Кина и беше постигнат договор двете страни да продолжат со разговорите за да се постигне напредок на голем број фронтови – изјавија официјални лица за новинарите.

Кинеската страна од своја страна објави дека кинескиот министер за надворешни работи му рекол на американскиот државен секретар дека Кина е посветена на градење стабилни, предвидливи и конструктивни односи со САД.

Чин, исто така, јасно ја истакна загриженоста на Кина за нејзините суштински интереси, вклучително и тајванското прашање, опишувајќи го како „најистакнат ризик“ во кинеско-американските односи.

Блинкен ја истакна важноста од одржување на отворени линии на комуникација за да се намали ризикот од погрешни пресметки, соопшти Стејт департментот, а двајцата се согласија повторно да се сретнат во Вашингтон.

Поврзани новости