Според Могерини, пак, клучевите на нашата иднина се во нашите раце, а ЕУ е отворена за нас.
– Запомнете, на 30 септември кога ќе одите на гласачките места да гласате за референдумот дека Вие сте тие што ги држите клучевите на вашата иднина во вашите раце. Клучевите не се во рацете на никој друг, освен на Вас. Не дозволувајте некој друг да го стори тоа за Вас. Ве молам, не молчете пред вашата иднина, неможете да ја пропуштите оваа можност затоа што Вие сте одговорни за вашата иднина. Ова не се избори, ниту е нешто поврзано со политика. Мора да бидете сигурни и убедени дека кога ќе се разбудите следниот понеделник, односно на 1 октомври, дека сте направиле избор којшто ја засега вашата иднина, иднината на вашата земја и на вашите деца, изјави Могерини.