САД го укина условот за вакцинација, Ѓоковиќ може да игра на УС Опен

by Fokus

Соединетите Американски Држави ќе ги прекинат сите барања за вакцинација против Ковид кога станува збор за влез во земјата, вклучително и патници од странство, на 11 мај, бидејќи на тој ден во САД завршува вонредната состојба поради корона вирусот објави Белата куќа.

Претставничкиот дом на САД во февруари гласаше за укинување на барањето повеќето странски патници кои пристигнуваат со авион да се вакцинираат против Ковид, една од ретките мерки за борба против КОВИД кои сè уште се во сила во Америка, според Ројтерс.

Минатиот јуни, администрацијата на претседателот Џозеф Бајден го укина задолжителниот негативен тест за коронавирус за патниците на авиокомпаниите, но препораката на американските центри за контрола и превенција на болести за задолжителна вакцинација за влез во САД остана на сила.

Поврзани новости