САД го ставиja градоначалникот на Струга на црната листа поради вмешаност во значајна корупција

by Fokus

Соединетите Американски Држави го назначуваат градоначалникот на општина Струга, Северна Македонија, Рамиз Мерко, како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција. Додека ја извршуваше функцијата градоначалник на Струга, Мерко присвои средства и се мешаше во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери на Северна Македонија, објавија од Стејт департментот на САД.

„Денешната акција испраќа порака дека Соединетите Држави стојат со Северна Македонија за поттикнување на стабилноста преку зајакнување на демократските институции и решавање на недостатоците во владеењето на правото. Оваа ознака ја потврдува посветеноста на Соединетите Држави за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефикасно да одговорат на потребите на својот народ“ – соопшти портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

Стејт департментот, исто така, ги означува сопругата на Мерко, Шпреса, и трите возрасни деца, Генц, Назмије и Дренуша како неподобни за влез во Соединетите држави.

 

 

 

Поврзани новости