САД го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО, Пендаровски се заблагодари

by fokus

Сенатот на САД попладнево по македонско време го изгласа Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Претседателот Стево Пендаровски им се заблагодари на САД и напиша дека стратешкото партнерство продолжува.

-Благодарност до САД за ратификацијата на Протоколот за нашето членство во #НАТО во Сенатот. Стратешкото партнерство САД-Северна Македонија продолжува во Алијансата придонесувајќи за глобалната стабилност и безбедност. #WeAreNATO, напиша Пендаровски.

Сега остануваат уште четири земји да го ратификуваат Протоколот за Македонија и официјално да стане членка на НАТО.

Поврзани новости