САД го блокираше усвојувањето на официјалните извештаи на Советот за безбедност на ОН во кои се бара независна истрага за крвавите настани во појасот Газа.
Според дипломатски извори за странските медиуми, Советот за безбедност ја изразува својата горчина и тага за смртта на палестинските цивили кои го искористија своето право на мирен протест. Советот бара независна и транспарентна истрага за овие настани.
„Советот за безбедност потсетува дека секоја одлука или чин со кој би сакале да се изменат специфичните карактеристики, статус и демографскиот состав на светиот град Ерусалим нема правно дејство, невалидни се и треба да се поништат во согласност со резолуциите на Советот за безбедност”, се вели во нацрт-текстот на Советот за безбедност.
Десетици илјади Палестинци протестираа вчера во појасот Газа, на границата со Израел, против отворањето на Амбасадата на САД во Ерусалим.
Израелската армија уби повеќе од 50 палестински демонстранти, така што понеделникот беше ден со најголем број жртви во израелско-палестинскиот конфликт, по војната во 2014 година во палестинската енклава.