Американското Министерство за финансии објави денеска проширeни санкции против Русија поради вмешаноста во избори во САД.
Се работи за седум физички лица и три компании. Се наведува дека двајца Руси, Денис Кузман и Игор Несторов, се вмешале во конгресните избори во 2018 година.
Компаниите против кои се воведени забрани се на Евгениј Пригожин, финансиерот на пропагандата кампања на социјалните мрежи со лажни вести и ширење омраз и раскол, во полза на тогашниот кандидат Доналд Трамп.
Се работи за компании со кои Пригожин, познат и како „куварот на Путин“, управува со предмети за раскожен живот како авиони и јахти. Други негови компании веќе се предмет на санкции, и додадените компании се санкционирани поради неговата вмешаност во конгресните избори.
Тој е сопственик на компанијата „Конкорд Менаџменнт и Консалтинг“, која управува со „Агенција за интернет истражувања“, или таканаречената „фабрика за тролови“ од Санкт Петербург, која работеше на ширење манипулации со лажни профили, коментари, статуси и групи по социјалните мрежи и фабирикуваше вести за да влијае на изборите во САД во 2016 година.
Овие компании беа предмет на истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за руската вмешаност во изборите во 2016 година.
Државниот секретар Мајк Помпео изјави дека САД продолжуваат со нови санкции против оние лица и компании кои се мешаат во демократските процеси на земјата.
-Сите кои на некаков начин се поврзани со лицата и компаниите внесени во списокот ќе бидат предмет на слични забрани, изјави тој.
Додаде дека „американските власти продолжуваат да работат на тоа Пригожин и нему сличните да не се скријат, живеејќи удобен живот, додека работат на дестабилизирачки активности против интересите на на САД, нивните сојузници и партнери“.