САД ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Русија поради опасност од напади

by fokus

Американската амбасада во Русија предупреди на опасност од терористички напади во Москва, Санкт Петербург и долж границата со Украина, јавија американските медиуми. Дипломатската мисија ги повика Американците во Русија да ја напуштат државата.

„Постои опасност од терористички напади врз трговски центри, железнички и метро станици и други места за собири на многу луѓе во големите урбани центри, вклучувајќи ги Москва и Санкт Петербург, како и во областите на зголемени тензии долж руската граница со Украина“, предупреди амбасадата во своето коминике.

Тие препорачуваат нивните граѓани да подготват план за евакуација, независно од помошта на американската влада.

Поврзани новости