Претседателот на САД, Џо Бајден, откако се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на пресконференцијата изјави дека народот во Украина и лидерството на Зеленски се инспирација.
Бајден нагласи дека САД на Украина, која е нападната од Русија, не само што ќе ѝ го даде системот за против-воздушна одбрана „Патриот“, туку и итна хуманитарна помош преку агенцијата УСАИД, во вредност од 374 милиони долари.
-САД и Украина ќе стојат заедно и во 2023 година. САД ќе го испорачаат противвоздушниот систем „Патриот“ на Киев и ќе продолжат да ја зајакнуваат способноста на Украина да се брани, особено од руските воздушни напади – порача Бајден.
Зеленски, пак, кажа дека системот „Патриот“ е важен чекор кон формирањето ефикасен воздушен штит од руските напади.