221
Неколку американски демократски конгресмени денеска повторно повикаа на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, додека републиканците ги критикуваа претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис за, како што сметаат, недоволната поддршка за Тел Авив.
Ова доаѓа откако ИД пронашла тела на шест заложници, меѓу кои и американскиот државјанин Херш Голдберг Полин, во Појасот Газа во саботата вечерта, пишува The Times of Israel.
„Императив е да се постигне итен прекин на огнот (договор) што ќе овозможи ослободување на сите преостанати заложници, проток на хуманитарна помош во Газа и да помогне долгорочната визија за мир и стабилност да стане реалност“, рече демократскиот сенатор Дик Дурбин на „X Network“.