САД бара во Косово да се формира Заедницата на општини со српско мнозинство

by fokus

Советникот во американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, посочија дека е време да се формира Заедница на општини со српско мнозинство и дека тоа е правно обврзувачка меѓународна обврска.

Шоле и Ескобар, во авторски текст за приштинска „Коха“, објаснуваат како би изгледала Заедницата и наведуваат дека една од најважните цели на САД на Западен Балкан е да помогнат „во создавањето услови за здрави, мирни и стабилни односи меѓу Србија. и Косово“, оценувајќи дека ова е историска можност која двете страни треба да ја искористат.

Тие нагласуваат дека меѓу најкритичните задачи е спроведувањето на договорот за Заедница на општини со српско мнозинство и дека е време јасно да се каже што е таа, а што не е.

Како што објаснуваат, Заедницата би била структура за општини со мнозинско српско население која би ги координирала прашањата и услугите, како што се образованието, здравството, урбаното и руралното планирање и локалниот економски развој, со други зборови функции кои се одговорност на сите општини на Косово.

Сметаат дека ова е начин да се подобри секојдневието на граѓаните, да се создаде доверба меѓу Србите и Владата во Приштина, да се обезбедат подобри врски меѓу северот и остатокот од Косово и да се создадат механизми Србите да учествуваат повеќе во општествениот живот.

Поврзани новости