САД ја повикува Европската Унија да одреди датум за почеток на преговори и за Македонија и за Албанија, без да ги одвојуваат.
„И Албанија и Северна Македонија донесоа тешки одлуки, фундаментални реформи и двете заслужуваат да одат напред на својот пат кон ЕУ”, изјавија од Стејт Департментот за Гласот на Америка.
Ставот на САД доаѓа два дена откако привремената влада во Бугарија соопшти дека Албанија е подготвена да започне преговори, но не и Македонија.
Во меѓувреме, Франција, која го презема претседавањето со ЕУ од 1 јануари во следните шест месеци, најави поголема посветеност кон Западен Балкан.
„Историјата се повторува денеска и ние имаме посебна одговорност кон Западен Балкан. Таму мора да спроведеме политика на нов ангажман, но и инвестиции со цел да се фаворизира економската интеграција на регионот – рече францускиот претседател Емануел Макрон.