САД бара Бугарија да го деблокира патот на Скопје кон ЕУ

by fokus

Демократскиот сенатор Крис Марфи соопшти дека му кажал на бугарскиот премиер Кирил Петков Бугарија да го откочи патот на Скопје кон Европската Унија, за време на вчерашната средба во Вашингтон.

-Разговаравме и за важноста од напредок на билатералните разговори со Северна Македонија за деблокирање на патот на Скопје кон членство во Европската Унија. Членството на Северна Македонија на крајот е во интерес на Бугарија и јас јасно ја ставив до знаење поддршката на САД за заклучок кој обезбедува пат напред, се вели во соопштението од канцеларијата на Марфи.

Сенаторот вчера на социјалните медиуми објави дека со бугарскиот премиер разговарале за енергетска поддршка, со цел да се стави крај на зависноста на Бугарија од руските гас и нафта.

И државниот секретар на САД Ентони Блинкен за време на вчерашната виртуелна средба со бугарскиот премиер Кирил Петков ја истакнал „важноста од брз пристап во ЕУ за квалификуваните аспиранти“.

Поврзани новости