Саботажа во струшката болница: Некој ги исекол бакарните цевки за довод на гасови

by Fokus

Анестезиолог, вработен во болницата за нефрологија во Струга, вчера пријавил дека на 17. март годинава во временски период од 17 часот до моментот на пријавување, непознат сторител со употреба на предмет насилно ги оштетил цевките на централниот довод за гасови до салата за операција во болницата.

Според пријавата, прво била оштетена надворешната обвивка, потоа во внатрешноста од цевката насилно биле исечени бакарните цевки кои произведувале медицински гас до операционата сала во зградата, по што злосторникот го напуштил местото.

Извршен бил увид од екипа на полициската станица Струга, од каде преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости