Сѐ додека сум министер, Ејупи нема да биде кандидат за конзул, вели Османи

by Fokus

Личноста не е кандидат за конзул, туку помлад соработник, почетничка позиција во МНР. Додека сум јас министер, нема да биде кандидат за конзул, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање.

Османи информираше дека после шпекулацијата за местото конзул, Ејупи била вработена во општина Петровец.

-Затоа не ми е јасна нивната позиција. Потоа во Министерството за политички систем, па преку скоро преземање во МНР, појасни Османи.

Уште во месец февруари министерот демантираше дека има одлука за испраќање на Бесмира Ејупи во македонскиот конзулат во Њу Џерси, САД.

 

Поврзани новости