514
Долгогодишниот пратечки вокал на групата С.А.Р.С, Сања Лалиќ не е веќе дел од популарниот белградски бенд.
Таа беше единствена дама во групата, а своето заминување го најави на социјалните мрежи.
„После 10 години со С.А.Р.С. дојде време да се разделиме. Нормално е дека нашите желби со текот на времето се менуваат, па така и мојата одлука да го напуштам бендот е од тие причини. Благодарна сум на сите прекрасни моменти низ кои поминав во изминатите 10 години. На С.А.Р.С му посакувам се најдобро во понатамошната работа и многу успешни и големи концерти“, напиша таа на својот профил на Фејсбук.