857
Поранешниот амбасадор Нано Ружин во емисијата 24 анализа рече дека не сме на исто ниво со Бугарија зошто не сме членки на ЕУ. Бугарија настапува од позиција на „политика на сила“ и Радев има проблеми со својот бекграунд како поранешен млад човек на комунизмот и ги трпел тие фрустрации од времето кога во Југославија се живеело подемократски и сега има можност за реваншизам.
„И Радев и Петков се од две различно политички локации, а Петков е позначајна личност и реално да се оценува што кажува тој. Не ни се допаѓаат тие шест месеци кои никој не ги прифаќа. Во Франција изборите се во следните шест месеци и според тоа Макрон не сака да си го искомпликува животот да застане во одбрана на проширувањето на ЕУ“, вели Ружин.