4
Рускиот претседател Владимир Путин не смее да ги оствари своите цели во Украина, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по повод илјада дена од почетокот на руската офанзива.
– Зошто е клучно Путин да не ја постигне својот цел? Бидејќи во спротивно, ќе имаме зајакната Русија на нашата граница, која ќе добие поголема моќ и капацитет за интервенција, рече Руте по пристигнувањето на состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел.
Тој додаде дека е „апсолутно уверен дека Русија тука нема да запре“.
– Русија претставува директна закана за сите нас на Западот, истакна генералниот секретар на НАТО.