Руте: Фер е европските членки на НАТО да ги зголемат трошоците

by Fokus

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека европските земји од воената алијанса се согласиле да ги зголемат трошоците за одбраната, откако американскиот претседател Доналд Трамп побара тој износ да се зголеми на 5 отсто од БДП, пренесува Фокс њуз.

„Во моментов трошиме 700 милијарди долари повеќе на европската страна на НАТО отколку пред да ја преземе должноста претседателот Трамп. Тоа апсолутно сè уште не е доволно. Треба да направиме многу, многу повеќе“, рече Руте во понеделникот во ексклузивното интервју за The Story.

„САД се убедливо најважниот сојузник во НАТО, но тие се апсолутно во право кога велат дека е фер европските членки да ги зголемат трошоците, бидејќи ние мораме да го направиме тоа за сопствена одбрана“.

Европските лидери одржаа итен самит во понеделникот во Париз за да разговараат за претстојниот билатерален состанок меѓу американските и руските претставници во Саудиска Арабија, на кој ќе се преговара за крај на војната што ја води рускиот претседател Владимир Путин во Украина.

Поврзани новости