Руте: Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина

by Fokus

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина.

– Треба да продолжиме да ја зајакнуваме Украина за да дојде на преговарачка маса од позиција на сила, рече Руте на заедничката прес-конференција со словачкиот претседател Петер Пелегрини во Братислава.

Тој нагласи дека Украина ќе бара „цврсти безбедносни гаранции“ за да се постигне траен мир, додавајќи дека земјите од НАТО веќе разговараат „што би можело да подразбира тоа“.

Поврзани новости