Јавниот обвинител Бурим Рустеми, во својство на застапник на обвинението за случајот „Топлик”, жалба, како што најави, најверојатно ќе поднесе за пресудата против лицето Димитар Димовски, кој од Кривичниот суд – Скопје, кој денеска беше осуден на условна казна од две години затвор ако во следните пет години не стори ново кривично дело.
– Генерално сум задоволен од казната на обвинетите, освен што сметам дека најверојатно можам да се жалам за еден од обвинетите за кој не сум задоволен од изречената казна – тоа е лицето Димитар Димовски, затоа што видно од изведените докази сметам дека тој имал значајна одговорност во кривично-правниот настан. Тоа произлегува од дел на исказите на сведоците кои наведуваат дека од негова страна и од страна на првообвинетиот доживеале притисок во нивната работа, рече обвинителот Рустеми.
Адвокатот на третообвинетиот Димовски, (заменик претседател на Комисијата за јавно надавање во Министерството за транспорт и врски), Панчо Тошковски најави дека ќе поднесе жалба на денешната пресуда, наведувајќи дека, како што рече, македонското судство денес го допре дното.