Директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми во емисија на тв24 рече дека „договорот со `Бехтел и Енка` е испратен во Собранието на увид на пратениците и тие можат да го видат, но не може да се објави во јавноста“.
„Ние во јавното претпријатие имавме и консултанти, го избравме ИРД од Италија и тогаш се крена многу врева иако целиот процес за избор на надзор беше многу транспарентен. Мило ми е што ДКСК отвори постапка за тоа, а постапка отвори и Обвинителството. Ние ја доставивме целокупната документација до Обвинителството за да го разгледа и надзорот и целокупниот договор со `Бехтел и Енка`“ – вели Рустеми.
Според него, Законот за стратешки инвестиции вели дека сите други закони треба да се сменат за да се прилагодат со овој закон.
– Нам ни треба побрзо да ги изградиме патиштата за граѓаните побрзо да можат да ги користат, а за тоа ќе потрошиме помалку пари – е пораката на Рустеми.
За реакциите од ЕУ за злоупотреба на европското знаменце за измена на законите, директорот на ЈПДП вели дека „нашите преговарачи веќе тоа им го имаат објаснето и самата постапка и самата целисходност“.