847
Во голема полициска акција утрово приведени се над 20 лица, пронајдена и запленета е дрога, пари, автомобили, мобилни телефони, во денешната полициска акција во Грчец, Гази Баба, Чаир и Синѓелиќ.
Обвинителката Вилма Русковска кажа дека тие имаат докази дека приведените лица сториле кривично дело „недозволена трговија со опојни дроги“. Пред акцијата не е спроведена финансиска истрага, од страв дека акцијата може да биде пробиена, но од понеделник ќе следи и финансиска истрага.
Таа додаде и дека до сега нема осомничени полициски службеници, но истакна дека ќе бидат вештачени одземените мобилни телефони.