Предметот за проневера против генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, и уште двајца хрватски државјани, Обвинителството за организиран криминал го добил во втората половина на 2021 година, вели обвинителката Вилма Русковска за „Слободен печат“.
-Од тогаш, надлежниот обвинител издаде повеќе наредби за собирање докази и во текот на вчерашниот ден стигна и последното известување, по што надлежниот обвинител донесе наредба за спроведување истрага и предлог за определување мерка притвор за осомничените. По таа мерка, Судот ќе одреди како ќе постапува понатаму – вели Русковска.
Таа додава дека располагаат со податок каде се парит, а осомничените хрватските државјани, според нивните информации, не се наоѓаат во државава.
-Ние ќе стапиме во контакт со колегите од Хрватска, ќе ги доставиме доказите до нив, па доколкку се согласат да го преземат гонењето, нивното понатамошно процесуирање ќе биде во Хрватска – истакна Русковска.