Русковска за „Фокус“: Веројатно јас зборувам, но нема шанса некој да биде „заборавен“ во притвор

by fokus

Нема шанса некој да биде “заборавен” во притвор, затоа постојат заштитни механизми. Ако сум рекла “заборавен”, тоа е фигуративно кажано, вели обвинителката Вилма Русковска за „Фокус“ откако протече снимка на којшто се слуша глас којшто личи на нејзиниот и во којшто се споменува Владимир Атанасовски, поранешниот директор на УБК, за којшто гласот кој наликува на оној на Русковска вели дека два месеца го „заборавила“ во притвор.

-Според она што усепав да го слушнам, веројатно јас зборувам, но разговорот е изваден од контекст. Нема шанса некој да биде „заборавен“ во притвор, затоа има заштитни механизми . Ако сум рекла „заборавен“ тоа е фигуративно кажано, вели Русковска.

Таа претпоставува дека снимката е дел од материјалите кои бизнисменот Орце Камчев ги доставил до Обвинителството за случајот „Рекет“.

-Мислам дека разговорот е во време кога го пријавуваше случајот „Рекет“. Тогаш ја работев и истрагата за организаторите на 27 ми април, додава Русковска.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости