Русковска за Дурловски: Смело беше да се коцка со својата судбина, но криминално беше да се коцка со иднината на државата

by Fokus

Обвинителството не направи преквалификација на кривичното дело кое им се става на товар на обвинетите за упадот во Собранието. Тие и понатаму се товарат за тероризам и загрозување на уставниот поредок.

Во своите завршни зборови обвинителката Вилма Русковска се осврна и на обвинетиот оперски певец Игор Дурловски кој можеше да побара амнестија согласно Законот и да ја добие, но не го стори тоа.

-Дурловски имаше право на амнестија, но немаше право да ја загрозува безбедноста на државата кога повикуваше народ на протестите. Смело е што се коцкаше со неговата судбина, но криминално од негова страна беше да се коцка со иднината на државата – рече Русковска.

Поврзани новости