Премиерот Оливер Спасовски и Антонио Кочков на 13 мај ќе бидат повикани да сведочат на рочиштето во кое се обвинети поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, дека се организатори на насилствата од 27 април во Собранието.
Денеска во Кривичниот суд сведочеа Михаил Младеновски и референтот за систем и гласање во Собранието и Сашко Коцевски.
Обвинителката Вилма Русковска по рочиштето изјави дека сведочењето на Младеновски ја покажува инволвираноста на една политичка партија, но и на структурите од полицијата, односно структурите во тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање. Додека од сведочењето на Коцевски, рече таа, дека може да се заклучат два апсекта.
– Прво сакав да покажам дека протестите под мотото „За заедничка Макеоднија“ биле директно организирани од политичката партија ВМРО -ДПМНЕ, а сакав да слушне и јавноста и судот, дека во моментот можел Трајко Велјановски да го исклучи мониторот на говорницата кога тогашниот пратеник Зекири Ибраими започнал да ја пее албанска химна, појасни Русковска.
Адвокатот на тројца од обвинетите Еленко Миланов пак вели дека несериозно е сведокот Коцевски кој бил дипломиран педагог да толкува деловодник.
Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“