500
Јавната обвинителка Вилма Русковска во денешното гостување на радио Канал 77 рече дека вториот мобилен телефон на Катица Јанева не е пронајден.
-Од страна на ОЈО не е побара посебна истражна мерка за Катица Јанева. Не ја следиме, а дали некој друг ја следи… Не сум се видела со Катица Јанева. Еден телефон е најден, вториот телефон се уште не е најден. Има наредба за вештачење на одземениот телефон, кое верувам дека до понеделник ќе биде завршено, рече Русковска.