Обвинителката Вилма Русковска, кандидатка за нов мандат за шефовското место во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, порача денес дека ако ги изгуби овие избори ќе го признае пораотз. Таа сепак очекува да победи со пораката дека „правдата мора да победи“.
-Ниту од еден колега немам информација дека има притисоци. Ако овие избори не бидат фер, кога гласаат обвинители, тогаш што да очекуваме од било кои други избори. Апсолутно сум сигурна дека ќе бидат фер, кажа Русковска пред гласањето.
Прашана дали ако победи друг кандидат, тоа значи дека нема да победи правдата, Русковска одговори: „Па се надевам, јас ги почитувам колегите, се надевам ќе продолжат таму каде застанав јас“.
Ако победи, Русковска рече дека ќе продолжи каде што застанала.
-Уште еднаш сакам да нагласам дека правото и правдата мора да важи за сите. И не смее да има неказнивост, додаде Русковска.
Таа не коментираше дали е задоволна од работата на ОЈО-ГОКК откако таа е суспендирана.
-Не сакам да излезе дека од далеку вршам некаква контрола, дека прашувам, додаде Русковска.