805
Обвинителката во случајот „Меѓународен сојуз“, Вилма Русковска порача дека поседуваат цврсти докази за овој предмет во кој првообвинет е Бојан Јовановски-Боки 13.
„Имаме доста материјални докази, кои произлегоа од вештачењето на телефонот на Бојан Јовановски. Постојат докази кои посочуваат дека парите што ги добивал тој, завршувале во куќата на неговите родители. По пат на измама, парите ги дава да се плаќаат како позајмици или донации на БМЈ медија груп. Мене проба да ме направи корумпиран обвинител, тој секакви квалификации користи кои не му доликуваат. Тој и во „Рекет“ а и сега се служи со лични квалификации“, истакна Русковска.