На денешната седница на Советот на јавните обвинители и официјално беше донесена одлука за враќање на обвинителката Вилма Русковска во скопското обвинителство.
На Русковска неодамна и заврши мандатот како шеф во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, поради што се враќа на позицијата која и беше во мирување во скопското обвинителство. Сепак, од друга страна, обвинителката беше суспендирана од републичкиот обвинител Љубомир Јовески, поради случајот со претресот во Управата за финансиска полиција.
Ова значи дека суспензијата на Русковска ќе и продолжи и во скопското обвинителство, бидејќи таа и важи општо за обвинителската функција, што значи дека нема да оди на работа.
Сепак со самиот трансфер од Организиран во Основно, таа ќе добива пониска плата, која и следува и додека е спречена да оди на работа.
В.В.