Русковска: Очекував повеќе обвинети да признаат вина

by fokus

Обвинителката која го води случајот „Рекет“, Вилма Русковска е задоволна од почетокот на судењето за случајот, но вели дека очекувала признание на вина од повеќе обвинети, а не само од обвинетиот Зоран Милевски Кичеец.

Таа пред новинарите го кажа дел од воведниот говор од судницата.

За тврдењето на Бојан Јовановски дека со поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева седел во ресторани исто колку и со неа, Русковска рече:

„Јас се познавам со неговата мајка, ние сме генерација, се познаваме од прво одделение. Јас лично Јовановски го запознав кога бев прв пат на гостување во 1 ТВ. Во ресторан сум била со него само на прославата на телевизијата“, рече Русковска.

 

 

Поврзани новости