Русковска: Новото одделение во Јавното обвинителство нема логика

by Fokus

Вилма Русковска – поранешната обвинителка за организиран криминал во изјава за Алсат вели дека новото одделение што е формирано во рамките на Јавното обвинителство за гонење на тежок криминал нема никаква логика.

Според неа, органот на прогон што треба да се занимава со гонење на организиран криминал е паралелно со Обвинителството за организиран криминал и корупција, кое функционира како посебен орган на обвинителството.

Русковска додава дека „организираниот криминал“ има доволно обвинители и ресурси за борба против кривичните дела кои спаѓаат во нивна надлежност и дека идејата за нов оддел не е доволно оправдана.

Јавното обвинителство пред неколку дена најави формирање на специјално одделение во составот на ОЈО кое ќе следи тешки кривични дела од тешка и комплицирана природа, од такви за доживотен затвор до дела за злоупотреба на службената положба.

 

Поврзани новости