521
Поранешната шефица на обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска, вели дека нема да му се извини на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, за тоа што во интервју за Телма рече дека нејзиното суспендирање и предлогот за нејзино разрешување е последица на истрагата што ја отворила против Рашковски. Таа додаде дека во овој предмет трпела притисоци и закани.
Сепак Русковска не гледа причина за извинување. Таа вели дека со ништо не го навредила, ниту наклеветила Рашковски.
Тој денеска побара јавно извинување од обвинителката. Во спротивно тој се закани со тужба.