Русковска: Најголемиот дел од парите завршиле кај Јовановски и Јанева

by fokus

По објавата на пресудата за случајот „Рекет“, обвинителката Вилма Русковска истакна дека за осудениот Бојан Јовановски очекувала повисока казна, над 10 години. Јовановски беше осуден на 9 години затвор, а Јанева на 7 години.

-Што се однесува за Јанева, очекував меѓу 7 или 8 години, а за Јовановски не сум задоволно, реално не очекував под 10 години затвор, рече обвинителката Русковска, која најави дека ќе поднесе жалба до Апелација.

На прашањето, дали конечно е познато во чиј џеб завршиле парите, Русковска одговори:

-Јас сметам дека најголемиот дел од парите завршиле кај Јовановски и Јанева. Тоа е моето лично убедување. Со оглед на тоа што се самиот си купувал, без никаков приход, а и самите знаете колку чини финансирање на медиум, рече Русковска.

Поврзани новости