Бизнисменот Орце Камчев и понатаму ќе остане во притвор, одреден за случајот „Плацевите на Водно“, вели шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
-Одбраната го исполитизира случајот со тоа што викаше меѓународни набљудувачи. Јас лично сум немала притисок од било кого. Зборував во обвинителката за случајот и таа е апсолутно сигурно дека ако се пушти Камчев од притвор би избегал, рече шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во гостувањето во Утрински брифинг.
Во однос на случаите во кои е обвинет поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, обвинителската рече дека и за него има индиции за бегство.
-Имаме првостепена пресуда од 6 години и 3 месеци. Има предмети во кои е обвинет и се во завршна фаза. Замислите ако биде прогласен за виновен по половина од тие предмети. Мој впечаток кога би добил уште некој пресуда, би побегнал, нагласи Русковска.