Русковска ја потврдува автентичноста на објавената слика од записникот за „Рекет“

by fokus

Откако во јавноста протече првата страница од записникот за „Рекет“, односно дел од изјавата која ја дал сведокот Орце Камчев,  од обвинителството велат дека обвинителката Вилма Русковска ја потврдува автентичноста на сликата од објавениот записник, но не ги коментира деловите кои се  прераскажани.

-Обвинителката Русковска ја потврдува веродостојноста на сликата од објавениот записник, останатите заклучоци и коментари на авторот како што веќе беше истакнат во соопштението на обвинителството нема да ги коментира.

Оригиналните списи од предметот ги поседува само обвинителството, а копија од нив беше доставена до надлежниот суд, велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

„Фокус“ веќе објави дека се истражува дали записникот протекол од Кривичниот суд, бидејќи истиот бил испратен во судот како дел од барањето за притвор за Катица Јанева.

В.В.

Поврзани новости