Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, во интервју за „Призма“ вели дека не стравува од нејзина смена, демантирајќи ги шпекулациите на таа тема.
-Според новиот закон за јавно обвинителство, не постои опција кој било шеф на обвинителство да се смени поради нестручност и некомпетентност. Сега не постои таква можност. Кривично дело немам направено, барем јас не знам дека сум направила, така што сметам дека и да сакаат да ме сменат, нема можност, вели Русковска за Призма.
Коментирајќи ја изјавата на премиерот Зоран Заев дека во неа нема доверба за предметот со Рашковски, Русковска вели:
-Политичарите за постапки што се водат во Обвинителство или во суд не треба да коментираат. Нашиве политичари никако да го разберат тоа, вели таа.