Поранешната обвинителка Вилма Русковска смета дека поранешниот вицепремиер Артан Груби направил голема грешка што ја напушти државата и смета дека „ако останеше овде, многу мала беше веројатноста да му се определи притвор“.
Притворот, посочи таа, се одредува по три основи – влијание на сведоци, опасност од бегство и да го повтори делото.
– Ако беше тука која би била таа опасност од бегство, ако му е цело семејство тука и така, да го повтори делото веќе не може, не е на таа функција веќе, а третиот основ остануваше влијание на сведоци, а влијание на сведоци може на други начини да се врши, рече Русковска во гостување на тв Телма.
По поранешниот прв вицепремиер во Владата вечерва беше распишана потерница, како и по поранешниот директор на Државна лотарија – Прпетим Бајрами.
Двајцата и уште шестмина други меѓу кои и поранешниот премиер Димитар Ковачевски се осомничени за злоупотреба на службена должност и примање поткуп во случајот Државна лотарија.