Русковска: Граѓаните не ни помагаат во борбата против корупцијата

by Фокус

Покрај ветингот на судиите и обвинителите, можеби треба да се направи оцена на работата и на администрацијата во овие институции, смета Вилма Русковска, шефица на обвинителството за организиран криминал.

-Има кртови, сигурна сум – рече Русковска на Трилинг, одговарајќи на новинарско прашање.

Според неа, борбата против корупцијата не може да биде успешна и ефикасна без помош од граѓаните.

-Има потфрлување од инстиуциите, но граѓаните не ни помагаат во борбата против корупцијата. Не пријавуваат зашто мислат дека ќе си имаат проблем со власта, со свои сограѓани, криминални банди – рече Русковска.

Поврзани новости