Шефицата на Основното јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, вчера (3.7.) до Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку полномошник доставила опомена пред тужба за клевета. Повод за ваквиот потег на обвинителката, бил дел од содржината на изборниот спот на опозициската коалиција, насловен како „Криминална приказна“, пренесува „Дојче Веле“.
„Јас како обвинител повеќе од 23 години, во сите предмети по кои сум постапувала сум се водела исклучиво по Закон и доказите кои сум успеала да ги обезбедам. Сакам да потенцирам дека никогаш не сум дозволувала политиката да влијае на моите одлуки. Политичарите се менлива категорија, а ние обвинителите треба нашата функција да ја извршуваме најпрофесионално, законито и според доказите кои сме успеале да ги обезбедиме. Впрочем, и затоа граѓаните не плаќаат“, вели Русковска за ДВ.