Русковска: Верзијата со суровина за дрога не е точна

За тоа зошто автобусот изгорел толку бргу, главниот истражител рекол дека за некои испитувања треба повеќе време.

by fokus

Обвинителката Вилма Русковска во интервју за емисијата Топ тема на телевизија Телма објаснува зошто другите автобуси не застанале, односно не виделе што му се случило на автобусот кој изгоре.

Еден сведок од вториот автобус, кадешто бил и сопственикот на Беса транс, кој бил и како втор возач, кажа дека овој автобус возел позади нив. Тие веќе биле стигнати на граничниот премин во Бугарија, а овој автобус бил еден или два автобуси позади нив. Вели откако направивме пауза, после 20-30 минути, повторно застана автобусот, излегоа возачот и сопственикот и зборуваа на телефон. Потоа возачот се врати, а сопственикот остана. И ние продолживме према Македонија, вели Русковска.

Во однос на верзијата која излезе во бугарскиот весник „Уикенд“ дека во автобусот се пренесувала запалива суровина за производство на хероин, Русковска вели:

Јас тоа кога го прочитав, тука беа колегите од Бугарија. Им го покажав и прашав дали има вистина. Двајцата беа категорични дека тоа не е точно.

За тоа како толку бргу изгорел автобусот, таа вели:

Македонски експерти не учествуваат во овој дел. Разговарав со главниот истражител, рече дека за некои испитувања треба повеќе време. Инаку јас тоа точно го видов, баш го имам и сликано, делот фактички од кај што е почнат пожарот а тоа е багажниот простор кој се наоѓа над резервоарот на автобусот. Затоа што на автобусите, резервоарите се напред.

 

Поврзани новости